Децата од претходна врска или брак и сегашниот партнер секогаш се чувствителна тема.

Ова е исповед на жена која се најде во многу деликатна ситуација:

  • Поради мојот нов сопруг, би се откажала од детето од мојот прв брак. Имам 30 години, разведена сум и имам син од тој брак.

Јас го делам старателството над него со мојот поранешен сопруг. Моето момче, кое исто така е разведен, има ќерка над која поранешната негова сопруга има целосно старателство.

Го гледам мојот син секој втор викенд, а моето момче никогаш не ја гледа својата ќерка.

Тој веќе ме запроси, но еден месец по свршувачката ми рече дека сака да се откажам од гледањето на мојот син. Му реков дека моите родители сакаат да поминуваат време со нивниот внук, а тоа можам да го направам само ако имам право на заедничко старателство.

Момчето, пак, вели дека сака да оди во друга земја да работи неколку месеци и смета дека би било идеално да го искористам тоа време и да размислам дали ќе се откажам од старателството над мојот син.

Претходно размислував да се откажам од старателството по бракот, но како да им го објаснам тоа на моите родители? Мајка ми страда од депресија, татко ми од рак. Ниту сакам да им го одземам внукот, тоа би им го скршило срцето.

Моето момче, само што почнавме да се забавуваме, ми рече дека не може да го прифати мојот син. Свесна сум дека многу мажи не сакаат жените да бидат „оптоварени“ од минатите врски, но ми пречи што сопругот сака веднаш да се откажам од старателството, тоа го планирав подоцна.

Не можам да ја поднесам помислата да го скршам срцето на моите родители на тој начин и жал ми е затоа што мојот син многу ме сака. Што да направам – напиша таа.

Оваа нејзина исповед разбесни многу мајки и жени кои не го поддржаа тоа, многумина и се спротивставија затоа што воопшто се двоумела и истакнаа дека ако мажот не е подготвен да го прифати нејзиното дете, а не „товарот“ како што го нарекува таа, тој не ни заслужува да биде со неа, а дека таа требала да заврши со нејзината дилема.

Фото: Profimedia