Од МВР соопштија дека во 12:20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција.

При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш.

-По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција, се наведува во полициското соопштение.