Џенаро Гатузо верува раководството на Серија А ќе ја промени одлуката и мечот со Јувентус ќе се преигра.

Наполи има 12 поени на пет натпревари откако службено го изгуби натпреварот со Јувентус, а добија и минус еден бод затоа што не се појавија на стадионот на дуелот кој требаше да се одигран а 4. октомври.

„Ние не одлучивме да патуваме. Јас самиот сметав дека е подобро да играме затоа што Јувентус се обидува да изгради нешто ново, ни недостасуваа важни играчи како Зјелински и Елмас, меѓутоа не одлучивме ние. Бевме качени во автобусот пет до седум, а потоа дојде веста дека не смееме да заминеме. Се надевам дека ситуацијата одново ќе биде разгледана“, изјави Гатузо.