Мoлекуларниот биолог Гордан Лауц ја коментираше состојбата со коронавирусот во Хрватска.
Тој потсети на почетокот на епидемијата.


Во јануари и февруари, сите зачудено гледавме што се случува во Кина, но тогаш најмногу мислевме дека тоа ќе биде уште една локална епидемија во Азија што нема да стигне до нас. Кога само еден месец подоцна епидемијата ескалираше во Бергамо и кога „здравствениот систем на еден од најбогатите региони во Европа не може да се справи со пандемијата, алармите завонија низ цела Европа“, изјави Лауц за хрватските медиуми.
Потоа ги коментираше состојбите во Европа, но и во Хрватска.


Стапката на ширење на епидемијата што ја гледаме денес во Белгија и Чешка е едноставно застрашувачка. Околу 0,15 проценти од населението во тие земји е позитивно потврдено секој ден, а како што знаеме дека тестирањето никогаш не ги опфаќа сите заразени, можеме со голема сигурност да кажеме дека околу 1 процент населението во тие земји е заразено секој ден, вели Лауц.


Во последните неколку денови Хрватска имаше над 2.000 потврдени инфекции дневно. Околу 40 проценти од заразените немаат симптоми, а многу луѓе кои имаат поблаги симптоми не се тестираат.
Според истражувањето спроведено во други земји, реалниот број на заразени се очекува да биде околу десет пати поголем од бројот на потврдени заразени, а кога тоа ќе го помножиме со 14 дена, колку што една личност во просек е инфективна, доаѓаме до над 200 000 луѓе, т.е. над пет отсто од населението во моментов е заразено, вели Лауц.
Тој исто така коментираше што не чека во наредните недели и во текот на зимата.


Во Хрватска денес, ковид-19 убива во просек околу петнаесет луѓе секој ден. Со оглед на бројот на новоинфицирани во последните денови, може да се претпостави дека најмалку триесет луѓе ќе умираат секој ден за две до три недели.


Ако бројот на новоинфицирани лица продолжи да расте, тој број ќе биде уште поголем. Денес имаме хоспитализирани 700 лица. За две недели, веројатно ќе има 2.000, вели Лауц.