Утринава на Инфективното одделение во велешката болница почина маж на возраст од 58 години, позитивен на Ковид-19.

Утринава на Инфективното одделение во велешката болница почина маж на возраст од 58 години, позитивен на Ковид-19.

Според извори од болницата, тој бил хоспитализиран пред четири дена, позитивен на корона вирус, а имал и покачен крвен притисок.

Ова е десетта жртва во Велес во изминатата недела, позитивна на корона вирус.

На инфективното одделение во болницата во Велес моментално се сместени 32 позитивни пациенти и девет кои се сомнителни на вирусот и чии резултати од брис се чекаат.
На кислородна поддршка биле 15 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, бројот на починати Ковид-19 пациенти од Велес кои ја изгубија битката со вирусот изнесува 26 лица.