Во првите осум месеци од оваа година, 112 лица исчезнаа на Косово. Најголем број на пријавени случаи има од Приштина или вкупно 40, следуваат Пеќ со 23, Гњилане со 16, Ѓаковица со 14, Призрен со 13 и Митровица со шест исчезнати лица.


Оваа се бројки и податоци објавени од косовската полиција.
Во истиот период минатата година, според полицискиот извештај, дури 252 лица биле пријавени за исчезнати.
Во 2018 година биле пријавени исчезнати 240 лица.


Како фактори кои влијаат на оваа појава, социолозите ги наведуваат проституцијата или насилна смрт, но исто така споменуваат и трговија со органи од криминални групи, пренесува Info.ks.net.
Во исто време, тоа предизвикува бројни последици за семејствата кои се пренесуваат во општеството, што се рефлектира во појавата на социјална и физичка несигурност, претворајќи ја во општ страв.


Најновиот случај на исчезнување е забележан во Скендерај, кога со денови не се знаеше ништо за судбината на 26-годишната жена. По серија пребарувања, Егзона Ферати била пронајдена во селото Гланасела кај Глоговац.