Американската пејачка Бебе Реџа е уште една пејачка со албанско потекло која јавно го нарече ајварот албански во своето обраќање на социјалните мрежи.

Таа објави видео на Инстаграм на кое се гледа како ајварот го мачка на леб и го нарекува „албански специјалитет кој сите го сакаат“ и „кој оди добро кога се јаде со јајца“.

Секако, ова наиде на големо негодување од нејзините обожаватели од Македонија, кои тврдат дека ајварот е македонски производ.

Бебе Реџа е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Македонија. Нејзиното вистинско име е Блета. Таа го напиша еден од најголемите хитови на Ријана, песната „Монструм“, која пејачката ја изведе со Еминем, и има напишано песни за многу други големи звезди, вклучувајќи го и Дејвид Гета.

Таа е позната по една песна со Ники Минаж, со која дели склоност кон „тверкување“.

Нејзиниот татко емигрирал во САД од Дебар кога имал 21 година, а нејзината мајка Букурија Реџа е по потекло од Гостивар и е родена во Америка. На албански јазик, нејзиното име значи „пчела“, а Биби е нејзиниот прекар.