Во напад со автомобил-бомба врз база на авганистанска полиција, проследен со престрелка со огнено оружје, загинаа три лица рано наутро, а десетици беа ранети во авганистанскиот град Кост, на границата со Пакистан, соопштија денеска официјалните лица.

„Група напаѓачи потоа се обиделе да влезат во базата, што резултирало со вооружена битка со безбедносните сили“, изјави за новинарите портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Аријан.

Хабиб Шах Ансари, директор на провинцијата во Хост, рече дека досега три тела и 3 ранети, воени и цивилни, биле донесени во болница. Здравствениот претставник на провинцијата Хост, Гулул Мохамад, рече дека меѓу ранетите има жени и деца.

Ниту една група досега не презела одговорност за нападот врз базата.