Чешката влада донесе одлука за воведување на седумдневен полициски час во земјата, почнувајќи од среда, од 21 до 5 часот наутро, како и дополнително да се ограничи работата на продавниците за малопродажба.

Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро, рече министерот за здравство, Роман Примула, по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Продавниците во малопродажба, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува Ројтерс.

Воведени се построги мерки заради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешката Република за време на викендит објави дека на дневна основа има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус.