Дали шоуменот и најпопуларниот телевизиски водител во Бугарија, Слави Трифонов може да биде идниот бугарски премиер, по парламентарните избори во Бугарија во март идната година.

Во фебруари оваа година Слави Труфонов ја формираше својата партија “Има таков народ” и според анкетите таа за неполни девет месеци стана трета политичка сила во Бугарија. Додека лидерот на партијата Слави Трифонов е најпопуларен политичар во Бугарија.

Шоуменот Слави Трифонов и поранешниот народен правобранител Маја Манолова го зголемија својот рејтинг во септември. Ова го покажува истражувањето на социолошката агенција „Алфа рисрч“ спроведено меѓу 1.031 возрасен Бугарин на крајот на минатиот месец.

Вкупно 36 отсто од испитаниците имаат доверба во Слави Трифонов, а 32,9 отсто во Маја Манолова. Во исто време, недовербата кон шоуменот е 26,8 отсто, а кон поранешниот народен правобранител – 33,7 отсто. Алфа Рисрч за прв пат го мери рејтингот на двајцата нови политички играчи.

За споредба, во оваа анкета, личниот рејтинг на премиерот Бојко Борисов изнесува 20,3 отсто.

Да беа изборите денес, 20,5 отсто од граѓаните би гласале за ГЕРБ, 19,6 отсто за БСП, а 14,9 отсто за партијата „Има таков народ”.

Партијата на Трифонов за три пати го зголеми својот рејтинг во последните три месеци додека рејтингот на двете водечки партии или се намалува или стагнира.

Има доста искуства кога шоумени или телевизиски звезди стануваат претседатели или премиери. Да не одиме толку далеку во историјата со Роналд Реган. Во Словенија Марјан Шарец беше премиер до пред поливина година. А во Украина комичарот Володомир Зеленски е претседател на државата.

Плус тоа Бугарија има веќе искуство ново формирани партии да победуваат на избирите. Така беше со партијата на царот Симеон, така беше и со партијата на Бојко Борисов. Дали е сега редот на Слави Трифонов?