Елиф Елмас денеска тренираше со Наполи, Македонецот заедно со Пјотр Зелински ќе добиајт персонализирана програма со цел да бидат во комбинација за дуелот со Сасуоло во недела.

Откако изминатиов викенд доби негативен тест за ковид-19, Елиф Елмас им се придржи на соиграчите во спортскиот центар „Кастел Волтурно“. Утрово најпрво му беа извршени детални прегледи, за попладнево Македонецот да се врати на тренинг.

Тој заедно со Пјотр Зелински за почеток работеа индивидуално, а потоа и со групата.

Во теорија, двајцата се во комбинација за дуелот со Реал Сосиедад во четврток во Лига Европа, но со оглед на тоа дека три недели не тренираа со полна пареа, медиумите од Италија пишуваат дека Џенаро Гатузо нема да смета на нив и ќе им даде персонализирана програма за тие да бидат подготвени за дуелот со Сасуоло во недела.