Моделот Емили Ратајковски го чека првото дете со сопругот Себастијан Бер-Меклард. Дваесет и деветгодишната Ратајковски напиша есеј за дигиталното издание на магазинот „Вог“, во кој не само што ја сподели убавата вест, туку и објасни зошто на своето дете ќе му дозволат само да го избере полот.

„Кога јас и мојот сопруг ќе им кажеме на пријатели дека сум бремена, секогаш веднаш ме прашуваат дали повеќе сакаме машко или женско. Ние сакаме да им кажеме дека нема да го знаеме полот на нашето дете сѐ додека не наполни 18 години, кога тоа самото ќе ни каже. Сакаме да бидеме прогресивни и немаме никакви желби“, изјави Ратајковски.

Таа ги изненади своите фанови на Инстаграм кога во февруари 2018 објави дека се омажила за американскиот филмаџија.