Фејсбук влегува на пазарот на стриминг на игри, но тој пазар нема да конкурира со оној на Мајкрософт и Гугл

Во основа тоа што го прави Фејсбук е додавање на можност да се играат игрите кои се достапни на мобилните уреди, но наместо истите да се инсталираат, ќе можат директно и веднаш да се играат преку мобилната апликација и преку десктоп везијата на Фејсбук.

Овие игри се веќе прилагодени за мобилните, што значи дека корисниците нема да ја добијат предноста од играње на посилни игри, како што е случајот со сервисите од Мајкрософт и Гугл. Во главно предноста од ова ќе биде можноста да се игра веднаш, без потреба од тоа да се чека да се инсталира играта и да го зафаќа просторот на мобилниот уред.
Игрите кои ќе бидат достапни во главно ќе бидат бесплатни, а исто така ќе бидат достапни и реклами.
Корисниците кои ќе се најават со својата сметка која ја користат за играње, ќе можат да ги пренесат своите резултати на повеќе платформи, односно ќе им бидат зачувани и кога ја играат играта инсталирана на нивниот уред.

Фејсбук Гејминг делот веќе постои, а преку овој дел, покрај тоа што може да се играат игри, достапни се и видеа од луѓе што играат игри, нешто што не треба да се истакне колку е популарно.