Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа, регистрирани се 1.534 нови случаи на коронавирус од 3.137 тестирани. Починаа 21 лице.

Ова практично значи дека секој втор граѓанин кој е тестиран е заразен со вирусот корона.

Од вкупниот број новозаразени, само во Федерацијата БиХ се регистрирани 909 лица од вкупно 1.720 тестирани примероци и 15 смртни случаи.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Во Брчко биле регистрирани 21 случај на инфекција со вирус на корона, а едно лице починало, објавија босанските портали.

Претходно беше објавено дека во последните 24 часа во Република Српска се регистрирани 625 новоинфицирани со вирусот корона и пет смртни случаи. Тестирани се 1.417 лица.