Со новиот отворен пункт, на секој му даваме можност да се тестира, изјави епидемиологот и претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

„Сите ќе бидат усложени и на сите ќе им дадеме можност да се тестираат, од 18 до 20 часот ќе се издаваат резултатите. Значи од 7:30 наутро, до 20 часот ќе функционира во делот на земање на материјал и издавање, тоа се добри 12 дури и до 14 часа“, вели Караџовски.

Тој додава дека технички е се подготвено и се функционира беспрекорно, со тоа може да започне и официјално работата на овој дополнителен пункт за тестирање.

„Инаку просторијата е многу квалитетно направена. Исфарбана е, парно греење има имаме пултови за земање на материјал, заштитни средства за лаборантите, комплетно опремен нов пункт“, заклучува Караџовски.

Со овој пункт и дополнителнит број на тестови кои ќе бидат правени во останатите лаборатории, треба бројот на дневно ниво да се искачи до 2000.