Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови позитивни случаи на ковид-19.

Соодносот меѓу вкупно тестираните и позитивни случаи изнесува 28 отсто што е помалку од вчерашните 33, 5 отсто што беше рекорд од почетокот на пандемијата. Сепак и понатаму е голема бројката дека скоро секој трети од тестираните е позитивен.

Најмногу позитивни има во Скопје или 353 лица, а потоа следуваат:

Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Во последните 24 часа починати се 15 лица, од тоа седум пациенти се од Скопје. Најмладиот од починатите има 41 година, а најстариот 87 години.

Институтот за јавно здравје објави дека денес имаме 531 оздравени пациенти.

Вкупната број на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 27827, бројот на оздравени лица е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399.