Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.430 лица за вирусот корона, а позитивни биле 1.053 лица, додека за жал починале пет пациенти.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот Батут, 38 пациенти се наоѓаат на респиратори во болниците низ Србија, а 823 лица се хоспитализирани.

Досега се тестирани вкупно 1.298.949 лица, регистрирани се 40.880 заразени, а бројот на смртни случаи е 798. Стапката на смртност е 1,95 проценти.

Пред два дена во Србија имаше 26 лица на апарати за дишење,а вчера тој број се зголеми за 50 проценти! Уште една бројка ги загрижува Србите – дури 107 лица беа примени во болници за еден ден, односно секоја трета личност која беше позитивна на ковид-19.

Од утрово пристигнуваа драматични предупредувања од српските експерти – дека денес ќе има најмногу заразени лица од почетокот на епидемијата и сè поголем број од нив се залагаат за нови мерки – скратување на работата на угостителските објекти и задолжителен ПЦР тест за влез во Србија.