Игор Ангеловски се лекувал во велешката  Општа  болница на Инфективното одделение  од 7 до 14 октомври кога поради пад на сатурација итно бил префрлен на Инфективна во Скопје, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Игор Ангеловски поранешен началник на СВР Велес починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје  како последица на ковид-19. Веста за МИА ја потврдија од СВР Велес.Тој во Инфективната клиника во Скопје неколку  дена бил приклучен  на респираторна машина.

Игор Ангеловски се лекувал во велешката  Општа  болница на Инфективното одделение  од 7 до 14 октомври кога поради пад на сатурација итно бил префрлен на Инфективна во Скопје, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

– Последните два дена беше на кислородна подршка и два дена имаше пад на сатурацијата, која не сакаше да се покачи. Поради тоа одлучивме и итно на 14 октомври  го пренесовме на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје – појасни д-р Неделковска Николова.