Почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства. Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и теретаните ќе бидат затворени, а концертите откажани, јави Дојче Веле.

Професионалните спортски настани ќе се одржуваат зад затворени врати. На граѓаните им се препорачува да не патуваат од приватни или причини кои не се неопходни, а престојот во хотелите ќе биде дозволен само за неопходни деловни патувања.

Училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за физичко растојание и хигиена.

Владата ќе обезбеди пакет од 10 милијарди евра помош за фирмите кои ќе мора да затворат или ќе бидат во загуба поради мерките. Помалите фирми, до 50 вработени, ќе добијат 75 проценти од минатогодишните приходи за месец ноември.