Двајца охриѓани лишени од слобода поради поседување на кокаин и семе од канабис.

На 27.10.2020, при претрес извршен во стан во Охрид, што го користел Г.Ц.(39) од охридското село Подмолје, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа семки од растението канабис и марихуана. Г.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. 

На 27.10.2020 во 19.15 часот,  во близина на деловен објект лоциран на  регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.