Министерот за здравство, Венко Филипче пред малку ги објави новите бројки. Тие се следните:

Во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во:

  • Скопје 422
  • Куманово 28
  • Дебар 10
  • Штип 25
  • Прилеп 28
  • Тетово 64
  • Струга 10
  • Велес 38
  • Битола 29
  • Охрид 26
  • Кавадарци 9
  • Гостивар 23
  • Гевгелија 13
  • Струмица 55
  • Крива Паланка 5,
  • Радовиш 10
  • Крушево 1
  • Кочани 13
  • Пробиштип 4
  • Демир Хисар 2
  • Македонски Брод 1
  • Берово 3
  • Валандово 2
  • Виница 1
  • Делчево 6
  • Кратово 3
  • Свети Николе 4
  • Кичево 20
  • Ресен 7
  • Неготино 8

Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од:

  • Скопје 142
  • Куманово 14
  • Штип 8
  • Прилеп 9
  • Тетово 21
  • Струга 2
  • Велес 2
  • Битола 9
  • Охрид 4
  • Кавадарци 2
  • Гостивар 4
  • Гевгелија 5
  • Струмица 26
  • Радовиш 7
  • Кочани 6
  • Пробиштип 1
  • Пехчево 1
  • Берово 5
  • Валандово 3
  • Кратово 1
  • Свети Николе 3
  • Кичево 8
  • Ресен 4
  • Неготино 5

Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.