„ Со ребаланост на Буџетот, издвојуваме 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот. Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија. ” – напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Здравствените работници ја играат истата улога како војници среде голема војна, но вистинското прашање е дали новиот буџет може да ги издржи овие високи суми!?