Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога попладнево околу 15: 30 часот на ул. Цветан Димов во Скопје го приведоа Е.О.В. (35) со шпанска лична карта, кај кого бил пронајден кокаин и хероин.

Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а запленето е и возилото „мерцедес“ што тој го управувал.