Корона вирусот коси во Македонија. Огромен број на заразени, но и починати. Навивачката група комити на својот фејсбук профил објави дека како последица на корона вирусот починал големиот комита Горан Костадиновски-Гого.

„Со неверување ја примаме и соопштуваме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.
Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.
Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк…
Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.
Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !“
Горан Костадиновски – Гого (23.08.1969 – 28.10.2020)

Во текот на вчерашниот ден се споделуваа апели дека е потребна донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19!

„Донацијата е потребна за пациент во ризична состојба! Ве замолуваме доколку познавате некој или имате контакт од пациент со соодветна крвна група: НУЛТА НЕГАТИВ да донира крв во Институт за трансфузиологија за ГОРАН КОСТАДИНОВСКИ!
ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ГОКСИ! ИЗДРЖИ, ГОКСИ!
СПОДЕЛЕТЕ!“

За жал, Горан не издржа во борбата против коронавирусот: Горан, почивај во мир, сочувство за семејството.