Чуден е вирусот ковид-19. По изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека 85 отсто од починатите имале други болести, вчера почина поранешен припадник на специјалната единица Тигри.

Повеќе од 85 отсто од починатите се пациенти кои имале коморбидитети, односно тешка форма на некоја друга болест од која долго време биле лекувани, рече на прес конференцијата министерот за здравство, Венко Филипче.

Но зошто во Макединија умираат млади и здрави луѓе? Многу повеќе отколку на други места во светот?

Игор Ангеловски поранешен началник на СВР Велес починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19. Веста за МИА ја потврдија од СВР Велес.Тој во Инфективната клиника во Скопје неколку дена бил приклучен на респираторна машина.

Игор Ангеловски се лекувал во велешката Општа болница на Инфективното одделение од 7 до 14 октомври кога поради пад на сатурација итно бил префрлен на Инфективна во Скопје, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Во врска со овој случај новинарот Боби Илиевски на својот фејсбук профил напиша:

Од корона вирусот на 41 година почина поранешен член на Тигрите, кој беше во топ форма, здрав со натпросечни физички предиспозиции.

Ќе ви биде ли ова доволно да се престане со верување и ширење на тероии на заговор не знам, напиша Илиевски.

Инаку починатиот Ангеловски беше дел од обезбедувањето на поранешната министерка на МВР, Гордана Јанкуловска. Потоа беше поранешен началник на СВР Велес а бил и инструктор во обуката на млади полицајци во полицискиот центар во Идризово.

Кога човек со таква физичка кондиција ќе почине од ковид-19 тогаш пред лекарите и пред сите треба да се постават многу дилеми во врска со вирусот!?