Во моментов, 6.000 пациенти заразени со коронавирусот се хоспитализирани во белгиските болници, а бројот на хоспитализации се удвојува на секои осум дена.

Белгија би можела да побара меѓународна помош поради огромното зголемување на бројот на заболени од ковид-19, како и на хоспитализираните, предупреди епидемиологот Пјер Ван Дам.

Во моментов, 6.000 пациенти заразени со коронавирусот се хоспитализирани во белгиските болници, а бројот на хоспитализации се удвојува на секои осум дена.

Само во средата, на 28 октомври, хоспитализирани се 743 лица, додека бројот на новоинфицирани за 24 часа надминува 18.000 лица.

– Зголемувањето бројот на заболени со ковид-19 и хоспитализацијата ги надмина обидите на владата да ги спречи, а здравствената заштита во земјата може да „пукне“ во рок од десет дена – предупреди Ван Дам.

Ван Дам, професор по медицина на Универзитетот во Антверпен, додава дека Белгија ќе мора да ја распореди војската и да повика на меѓународна помош затоа што пандемијата на коронавирусот продолжува да го турка националниот здравствен систем пред работ на колапс.

Федералниот министер за здравство Френк Вандербрук вели дека строгите мерки за затворање на земјата ќе мора да останат во сила „повеќе од еден месец“.

– Мерките што се во сила во моментов ќе треба да траат најмалку осум недели. Во оваа фаза ќе бидеме долго време, тоа е маратон и ќе биде тешко – заклучи Вандербрук.

Со 1.497 заразени, Белгија е на врвот на листата на земји од ЕУ според бројот на заразени на 100.000 жители. Од почетокот на пандемијата, извршени се 4,7 милиони тестови во земјата, а секое четврто лице било позитивно на ковид-19.