Задолжителното носење маски на отворено се уште не е стапено на сила. За измените на Законот за заштита од заразни болести да бидат правосилни неопходно е најпрвин да се објават во Службен весник, а оттаму не ја исклучуваат можноата тоа да се случи подоцна во текот на денот.

Во моментов измените се во рацете на претседателот Стево Пендаровски, кој треба да го потпиша указот, откако вчера беа изгласани во Собранието. Од законодавниот дом, за Слобосен печат, потврдуваат дека чекаат да им биде вратен указ од Вила Водно, по што одлуката ќе ја испратат во Службен весник.

Мерката за задолжително носење маска ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, соопштија од Министерството за здравство.

Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.