„Политико“ утринава известува дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат одреден компромис за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“. И дека тоа го изјавил за „Политико“ еден висок дипломат на ЕУ.

Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот  компромис: „Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“.

Ако ова е „компромисот“, тогаш тоа се, всушност, најголемиот дел од бугарските барања. Големо прашање е дали македонската страна би ја прифатила „историската вистина“ презентирана од Софија, по општите негативни реакции во јавноста.

Дали се спрема компромис во кој само ние ќе бидеме добрите соседи?