Претседателот на државата Стево Пендаровски за денеска во „Вила Водно“ закажа седница на Националниот совет за безбедност посветена на актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 во земјава.

На седницата, како што е најавено вчера, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа е деветта седница на Советот. Тема ќе биде актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава и мерките и активностите на надлежните институции.