Германија и Франција, двете најнаселени и економски најсилни земји во Европската унија, најавија нови карантини поради незапирливото ширење на коронавирусот.

Бидејќи станува збор за двете клучни држави во Европа, кои во ист ден ги носат своите мерки за карантин се поставува прашањето дали нивните стратегии ќе мора да ги следат и останатите држави во Европа.

Судејќи според јавните говори на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, карантинот во Франција ќе биде построг отколку во Германија, што е логично со оглед на епидемиолошката состојба.

Германија прва објави дека се враќа карантинот. Бројни германски медиуми го објавија тоа вчера попладне, а неколку часа подоцна тоа го потврди и канцеларката Ангела Меркел, обраќајќи и се на јавноста по договорот за карантин на состанокот со сојузните премиери, кој ќе стапи на сила во понеделник, 2 ноември.

Денес е тежок ден за оние што носат одлуки, рече канцеларката, но додаде дека одлуките повеќе не можат да се одложуваат.

Постои опасност од губење на контролата. Затоа ни треба уште еден национален напор во ноември, рече таа.

Мерките донесени денес, кои стапуваат на сила во понеделник, 2 ноември и ќе траат четири недели, важат низ цела Германија.

Нови карантински мерки во Франција најави претседателот Емануел Макрон во вонредното обраќање во јавноста.

Во Франција, каде што состојбата со епидемијата на коронавирус е уште полоша отколку во Германија (дневниот број на новоинфицирани лица е околу 50 000 на ден), карантинот стапува на сила во петок и трае најмалку до 1 декември.

Вирусот циркулира со брзина што дури и најпесимистичките прогнози не ја предвидуваа, рече Макрон на почетокот на обраќањето до јавноста, додавајќи дека сите француски региони се во црвено.

Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали сторивме сè како што треба? Не. Но, направивме се што можеме. Нашата стратегија, со оглед на информациите што ги имавме, беше вистинската, рече францускиот претседател.

Тој рече дека Франција е преплавена од вториот бран, „кој сигурно ќе биде посилен и посмртоносен од првиот“, додавајќи дека е сигурен дека 9000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе се веќе скоро полни.

Доцна синоќа, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Носењето на лична заштита на лицето станува задолжителна обврска за граѓаните. Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува, напиша на фејсбук минустерот за здравство, Венко Филипче.

Според Филипче, освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи.

Како што изјави тој: Со ребаланост на Буџетот, издвојуваме 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.