Поранешниот шеф на кабинет на Сашо Мијалков и  екс началник во УБК Тони Јакимовски е осуден на шест години затворска казна за проневера на пари од посебната каса УБК.

Друго лице од службата доби четири годишна затворска казна. Судот утврдил дека од 2007 до 2017 година обвинетите подигале голема сума на пари од касата, а потоа ја криеле или уништувале документацијата за исплата без притоа да добијат одобрение од директорот на управата, и без формирање комисија за ништење на матерјали.

Според одредени проценки се работи за сума од 820.000 илјади евра односно биле злоупотребени околу 820 000 евра. Осудените сега имаат право на жалба пред Апелациониот суд.