САД одлучија да ги продадат борбените авиони Ф-35 наменети за Турција на нејзиниот противник – Грција, пренесува грчкиот Сити тајмс.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео долета во Атина за да разговара за ова прашање. Планирано е да бидат испорачани вкупно 20 авиони, од кои шест претходно беа наменети за Анкара. Грција исто така ќе купи шест борбени ловци од типот Рафал од Франција.

За оваа тема веќе се дискутира во американскиот Сенат, откако турската страна купи анти-воздушни ракетни системи С-400 од Русија. Соединетите држави размислуваат и за преместување на американската воена база Инџирлик од Турција на островот Крит.

Во октомври, портпаролот на американскиот Стејт департмент Морган Ортегус ја предупреди Турција на сериозни последици доколку купи руски ракетни системи С-400. Според неа, Вашингтон се надева дека системите нема да се користат, и тоа јасно му го стави на знаење на Ердоган.

Тестирањето на руските системи за противвоздушна одбрана се одржаа на 16 октомври во Турција. Беа лансирани три ракети кои успешно пресретнаа три цели. Се претпоставува дека целите на турскиот С-400 „Триумф“ биле беспилотни летала „Банше“ од британско производство.