Во напад со нож во црква во Ница загинаа три лица, а повредени се шестмина. Истрагата ја презема обвинителството за антитероризам во Париз.

Во напад со нож во францускиот град Ница, според досегашните сознанија, убиени се три лица. Полицијата соопшти дека има и повеќемена повредени. Агенцијата ДПА, повикувајќи се на извори во француската полиција, јавува за шест повредени лица. Нападот се случил во црквата Нотр Дам. Две лица биле убиени во црквата, а третата жртва избегала, но потоа подлегнала на повредите, се вели од полициски извори.

Полицијата препорачува да се избегнува делот од градот околу местото на нападот. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин потврди дека во центарот на Ница се одвива полициска акција и најави одржување кризна седница. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави дека ќе тргне веднаш кон местото на нападот.

Според досегашните сознанија, две лица биле убиени во црквата, а третото лице побеганало, но подоцна им подлегнало на повредите

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, на Твитер објави дека осомничениот напаѓач е уапсен. Тој при апсењето бил повреден и однесен е во болница. Според првичните сознанија, напаѓачот дејствувал сам. Естроси оценува дека нападот личи на терористички. „Без сомневање“ начинот одговара на убиството на професорот Самуел Пати пред неколку дена, оцени Естроси. Тој пред новинарите изјави дека жртвите биле убиени на „ужасен начин“.

Напаѓачот при апсењето извикал повеќепати „Allahu akbar“ (Господ е голем), рече градоначалникот на Ница.