Долгогодишниот прв човек на Сорос во Македонија, Владимир Милчин го обвини македонскиот премиер Зоран Заев дека ги распродава македонските национални интереси.

Според Милчин, Заев ја користи сегапшната исплашеност на граѓаните со пандемијата со корона вирусот и води штетни национални политики.

На својот фејсбук профил Милчин напиша:

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово.
Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее.

Веќе подолго време се лоши односите меѓу Заев и Милчин. Луѓето на Милчин се или надвор од СДСМ или се маргинализирани во партијата. Последниот таков случај беше смената на поранешната пратеничка на СДСМ, Лидија Димова мината недела беше разрешена од Владата. Димова беше човек од доверба на Милчин.

Милчин полека ги губи своите позиции во Сорос, неговиот глас се помалку се слуша таму. Радмила Шеќеринска која секогаш ја имала поддршката на Милчин во овој момент полека ја губи битката со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски за позицијата втор човек во партијата.

Во истиот фејсбук статус како го обвинува Заев за распродажба на националните интереси, Милчин се чуди како некој од пратениците на СДСМ не му откаже послушност на Заев!?

Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот.

Тоа може да се дефинира како желба на Милчин, владата на Заев да го изгуби мнозинството во Парламентот и да има или нова влада ( широка или влада на ВМРО ДПМНЕ ) или да нови избори!?

Според Милчин заевизмот потсетува на колишевизмот. Шарената револуција е веќе подолго време незадоволна од Заев. На чуден начин скоро сите перјаници на “шарените” се сега тргнати на страна. И тоа веќе не може да се третира како изолирани случаи туку очигледно Заев сака да расчисти со луѓето од шарената револуција.