Еден од најпопуларните актери во поранешна Југославија, Раде Шербеџија (74) со својата втора сопруга Ленка живееше во Лос Анџелес, каде купиле куќа за нешто повеќе од милион долари.

Тие ја купиле куќата на кредит во јули 2004 годин, а ја продале шест години подоцна, пред да се вратат во Хрватска.

Иако сите овие години се чинеше дека актерот и неговото семејство живеат вистински американски сон на Далечниот Запад, не било баш така, бидејќи Шербеџија и неговата сопруга наводно се мачеле со американски заеми.

Според Ало.рс, во официјалните регистри, може да  се види како Раде и Ленка позајмиле пари од неколку американски банки.

Како што наведуваат, не само што имале хипотека, туку наводно должеле големи суми за данок. Износите наведени во даночните документи се движат од 2.335,27 долари, до 178.898,68 долари но и  511.710,20 долари.

Во едно интервју, Раде го опиша враќањето од Лос Анџелес во Ријека во 2011 година. Значи, откако се вратија во Хрватска, американските даночни обврзници го забележале неплатениот данок и таа документација завршила во Даночната управа во Лос Анџелес. Во Америка, каматата се наплатува за неплатени даноци, па сигурно е дека овие износи само ќе растат.

САД, како и секоја регулирана земја, строго го казнуваат затајувањето данок, особено кога станува збор за големи суми, повеќе од половина милион долари, така што големото прашање е дали Раде Шербеџија и Ленка воопшто ќе се вратат во Америка. Медиумите пишуваат дека веќе има отворен предмет во Централниот округ на Калифорнија на Окружниот суд на САД.