Русија е длабоко загрижена за зголеменото учество на платеници од Блискиот исток во конфликтот во Нагорно Карабах, изјави официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Длабоко сме загрижени за продолжувањето на воените дејствија, зголеменото учество на странските платеници од Блискиот исток во конфликтот. Трошоците за економиите и општествата на конфликтните страни значително се зголемија, рече Захарова.

Сигурна сум дека мирното решение на конфликтот нема алтернатива. Неопходно е да се продолжат преговорите во рамките на Минската група на ОБСЕ, нагласи таа.

Захарова додаде дека Русија продолжува да прави енергични напори со цел да се намали деескалацијата на конфликтот и да се започне процесот на преговори.