Внукот на убиениот лидер на колумбискиот наркокартел, Пабло Ескобар, Никола Ескобар, изјави дека нашол 18 милиони долари во едно скривалиште на неговиот чичко, но дека банкнотите не се употребливи.
Тој за порталот Red Mas Noticias изјави дека во торбата со пари нашол и грутка злато, комуникациски уреди, снимки, машина за пишување, пенкало и камера со филм, што не може да се развие.

Никола Ескобар рече дека скривницата е во неговата куќа во Меделин, градот во кој Пабло Ескобар имал „седиште“ и дека „привидот“ го донел во скривалиштето во еден дел од куќата.

Откако го пронајдов тоа не сум имал мирна ноќ. Цело време сум мета на напади, мета на новинари и на наркобосови. Велат дека лажам дека тоа што го најдов е се , но навистина јас одма ја известив полицијата.