Солун, вториот по големина град во Грција, денес влезе во „црвената“ зона, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис, кој во петок треба да објави „вонредни“ мерки, кои ќе бидат на сила наредниот месец поради вториот бран на коронавирусот.

Покрај Солун, кој има скоро милион жители, во „црвената зона“ спаѓаат и градот Лариса и регионот Родопа, во североисточна Грција, рече премиерот на владината седница пренесена од медиумите.

„Од денес, вонредните одлуки мора да се применат во црвените зони, во Солун, Лариса и во регионот на Родопа, што значи запирање на функционирањето на мнозинството, но не и на малопродажбата и работата на училиштата“, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис посочи дека земјата се соочува со „втор бран кој е посилен отколку во пролетта“ и дека „здравствениот систем е под притисок, поголем од кога било“.