Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу да ја промени сликата со пандемијата од Ковид 19 во земјата смета претседателот на државата Пендаровски!

Состојбата со пандемијата на #КОВИД19 кај нас и во светот не се подобрува.

За жал, секојдневно расте бројот на заболени и бројот на оние чии животи згаснаа поради вирусот.

Сведоци сме дека и најразвиените земји едвај се справуваат со пандемијата.

На денешната седница на #СоветЗаБезбедност заклучивме дека како земја ги применуваме сите мерки коишто се препорачани од СЗО и коишто се применуваат во другите држави и даваат позитивни ефекти. Разликата е само во нивото на почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции, вели Пендаровски!

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Во насока на сузбивање на пандемијата на #КОВИД19 е и Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, којшто го донесе Собранието. Денеска го потпишав Указот за прогласување на овој закон, потенцираше претседателот!

Како никогаш досега, потребни ни се одговорност, солидарност и претпазливост.