Volkswagen Golf I со лизгачки врати речиси е мит и за него нема многу податоци. Се појави во 1973 година односно една година пред овој модел службено да тргне во производство. Се работи за верзија со три врати со лизгачки странични врати.

Многу се нагаѓа кој го има конструирано овој модел, а најблискаа теза е дека Golf со лизгачки врати излегол од дизајнерскиот центар на Volkswagen односно дека станува збор за една од работните верзии.

Се појавил на 31 октомври во 1973 година, а Golf I официјално тргнал во производство во март во 1974 година. Како што веќе е познато, историјата не учи дека Volkswagen се откажал од овој модел и се посветил на класичната конфигурација на врати.

Овој еден и единствен Golf I сега е во музејот во Австрија, а е во сопственост на колекционерот Јозеф Јузе.