Недалеку од Париз (Yvelines), веднаш до црквата, полицијата уапси човек кој веројатно имал намера да изврши терористички напад.

Според „Паризиен“, уапсеното лице пред да ја напушти куќата, му кажал на својот татко дека сака да „го стори истото како во Ница“.

Таткот се јавил во полицијата, која го лоцирала неговото возило и го уапсила човекот.

Да потсетиме, на територијата на Франција денеска се случија два напади, во кои загинаа вкупно четири лица, а неколку беа повредени. Првиот напад се случи во Ница, каде напаѓачот уби три лица, а вториот во Авињон кога полицијата пукаше во напаѓачот.

На територијата на Франција се случија два напади, во кои беа убиени вкупно четири лица, а неколку беа повредени. Првиот напад се случи во Ница, каде што напаѓачот уби три лица, а вториот во Авињон кога полицијата пукаше во напаѓачот. Во исто време, во Џеда, напаѓачот избоде стражар во францускиот конзулат. Тој е повреден, но не е во животна опасност.

Полицијата во Ница го уапси напаѓачот за кога се сомнева дека тој со нож убил три лица, од кои на една жена и ја пресекол главата, а неколкумина повредил. Во Авињон, Франција, еден човек се обиде да ги нападне полицајците со извици „Алаху Акбар“, но тој беше убиен во пресметката со нив, додека третиот напад следеше неколку минути подоцна во Џеда, Саудиска Арабија.