Пратеникот на Препевската долина, Шаип Камбери, не ги одбиреше зборовите и изрече многу лоши работи за владата во Србија, а за време на говорот на Камбери, реагираше претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ, кој го повика да се грижи за неговиот вокабулар, односно да употребува изрази соодветни на републичкиот парламент.

Не сакам да влегувам во дебата и да се расправам, а можев, дали нешто е вистина или не. Почитувајте ги изразите и користете соодветен вокабулар, за да не морам да преземам мерки, а немав намера да преземам мерки. Не ме провоцирај, рече Дачиќ.

Камбери ја започна својата дискусија со: „Мирдита, добар ден“.

Кога би го послушал советот даден од Меша Селимовиќ дека на човекот на кого му посакуваш добро, не му го кажувај секогаш тоа што мислиш, јас би требало да молчам, но не бев избран да молчам, туку да го претставувам гласот на Албанците од Прешевската долина, рече Камбери.

Јас не претставувам жолти, црни или сини, туку дискриминирани Албанци. Кој би помислил дека единствената опозиција во српскиот парламент ќе бидат Албанците и Бошњаците. Тоа е многу тажно за демократијата. Таков парламент не можеше да произведе ниту Слободан Милошевиќ, рече Камбери.

Како што додаде, владата составена од левиот и десниот центар произведе, како што тој рече, тоталитарна влада која беше избрана преку демократски процес, исто како што тоа го прават сите модерни тоталитарни политичари, вели тој.

Тој ја спореди Србија со Белорусија и ја нарече владата „ретуширани радикали“ кои, како што вели, се грижат за нивниот имиџ, така што во владата има 11 жени, тука е и Министерството за човекови права и сето тоа изгледа како „совршено сценарио“, додека во реалноста секој ден се користи говор на омраза и сексизам.