Светот се соочува со тешката криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус, а сето тоа влијае и на нашето секојдневие. Изолацијата и социјалната дистанца различно влијаат на луѓето, на некои им паѓа тешко оваа ситуација.

Кога станува збор за астрологијата, токму на овие три хороскопски знаци тешко им паѓа самоизолацијата.Овен

Освен што се амбициозни, тие постојано се во движење, поставувајќи си нови цели кои мора да ги исполнат. Но, некои проекти сега мора да ги паузираат поради оваа криза и тоа тешко го поднесуваат.

Нивниот немирен дух ги прави екстремно нетрпеливи и едвај чекаат сето ова да заврши и да почнат со акција.

Лав

Сакаат постојано да се во центарот на вниманието и им годи вниманието што го добиваат од другите. Ненадејното ограничување на движење и излегување, а со самото тоа и неможноста да бидат во центарот на вниманието, не го поднесуваат баш најлесно.

Тие се друштвени личности, секогаш опкружени со луѓе и тоа сега најмногу им недостасува. Сепак, свесни дека не треба да излегуваат меѓу луѓе за да се заштитат себеси и останатите.Стрелец

Исто како и Лавовите, Стрелците имаат проблеми со ограничувањето на социјални активности, бидејќи се многу друштвени. Сакаат авантури и познати се по нивната спонтаност.

Токму затоа во вакви ситуации се чувствуваа како риба на суво. Сепак, и кај нив разумот преовладува, па свесни се дека е важно сега да останат дома и да донесат разумни одлуки.