Манекенката Бренда Патеа, поранешната девојка на германскиот тенисер Александар Зверев, изјавила дека е бремена 20 недели и дека чека дете од тенисерот.

Седмиот тенисер во светот и манекенката раскинале во август, после 1-годишна врска. Пареа вели дека имале различни погледи на животот, пренесува „Билд“.

„Секој кој живее со спортист мора да му се покори на тој начин на живот“, рекла таа.

„Тоа за мене не доаѓа предвид“, рекла Патеа.

„Детето не беше планирано, но ќе направам сè за да порасне во хармонична средина. За среќа можам сама да го одгледувам“, додала таа.