Барето Силва е една од тројцата убиени во црквата Нотр Дам во Ница. Таа беше мајка на два сина и една ќерка.

Мајка на три деца, Симоне Барето Силва (44) е една од жртвите на вчерашниот терористички напад во Ница. Таа успеала да избега во блискиот ресторан откако напаѓачот ја избодел со нож. Таму повикаа брза помош и таа им рече на лекарите: ‘Кажете им на моите деца дека ги сакам’. После тоа почина.

Барето Силва е една од тројцата убиени во црквата Нотр Дам во Ница. Таа живееше во Франција 30 години. Таа беше мајка на два сина и една ќерка, според тамошните медиуми.

Меѓу убиените е и 54-годишниот Винсент Локес, татко на две деца. Убиена е и жена (70) која се молела во црквата. Напаѓачот и ја отсекол главата!

Напаѓачот е 21-годишниот Брахим Ауисауи, кој пристигна во Европа од Тунис преку островот Лампедуза во септември.

За време на нападот, но и подоцна, тој постојано повторуваше „Алаху Акбар“. Ова го кажуваше дури и откако полицијата го застрела и го совлада, како и за време на возењето кон болницата. Напаѓачот е во критична состојба во болницата.

Ауисауи живее во тунискиот град Сфакс и полицијата го испрашуваше и неговото семејство што живее таму, изјави извор од туниската полиција.

Доста е. Време е Франција да се ослободи од законот за мир за конечно да се исчисти од исламофашизмот на нашата територија, рече вчера градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси.

Нападот се случи во моментот кога Франција сеуште се опоравуваше од ужасниот атентат врз професорот во средно училиште Самуел Пети, кого исто така го обезглави 18-годишен муслиман од чеченско потекло, откако професорот им покажа карикатури на пророкот Мухамед на студентите.

Сè уште не е познато дали нападите од четвртокот биле поврзани со објавувањето на тие карикатури, кои муслиманите ги сметаат за богохулие.