Поранешниот директор на Сорос Македонија. Владе Милчин, во коментари на својот фејсбук пост се декларираше дека не бил шарен револуционер.

Милчин напиша:

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово.

Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот.

Откако повеќето дебатери на овој пост му напишаа на Милчин дека е сега е доцна да се дистанцира од Заев и дека тој како дел од шарената револуција учествувал во неговото носење на власт, Милчин одговори дека тој не бил шарен револуционер:

Луѓето ги гледаш какви се откако ќе дојдат на власт. Пред него беше Груевски кој си го покажа лицето откако ја зеде власта. Јас бев негов критичар откако се виде кој е. Инаку, не бев шарен револуционер. Но бев гласен критичар на груевизмот, рече Милчин.

По Димитар Апасиев кој од член на партија беше дел на шарената револуција, а сега како лидер на партија е во “политичка осмоза” со партијата против која протестираше шарената револуција, сега и Милчин за своето учество во шарената револуција вели дека “тази дупка не е дупка”. Дури го потенцира фактот дека кога почнува шарената револуција тој веќе не е член на Сорос.

Јас сум пензионер. Во фондацијата, ако мислиш на неа, завршив на 30 јуни 2015 година. Одвреме навреме, не секоја година, режирам по една претстава. И пишувам сеќавања. Никогаш во моите ангажмани не сум барал заштитник, напиша Милчин.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158698519858374&id=616443373