Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ја потресе областа околу грчкиот остров Самос, островите Додеканез и дел од Турција, известува ЕМСЦ.
Според грчкиот дневен весник „Екатимерини“, долготрајниот потрес се почувствувал низ цела Грција и сè до Истанбул.
Првиот земјотрес беше проследен со уште три други со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.
Локалните медиуми јавуваат за оштетување на зградите и патиштата, додека извештаите од Турција јавуваат дека неколку згради во крајбрежниот град Измир се срушиле поради земјотресот. Едно ужасно видео објавено на Твитер и покажува уривање на цела зграда.
Според објавите на социјалните мрежи, градот Измир беше погоден од мини цунами.
