Контроверзниот српски лекар Бранимир Несторовиќ, кој беше член на српскиот кризен штаб е категоричен дека вистината за короната ќе се појави, бидејќи тоа е апсолутно политичка работа.

Дали видовте што рече Трамп? Кога ќе бидам повторно избран, нема да има повеќе корона, рече д-р Несторовиќ на промоцијата на својата книга.

Тој ги советува луѓето да не се водат од научните дела, туку од лична интуиција.

Постојат три точки на интуиција, вели тој. Тоа се стомакот, срцевата интуиција што ви кажува дали сакате нешто и мозокот или најглупавиот дел бидејќи преку мозокот сте инхибирани од влијанието на воспитувањето, вели тој.

Инаку на четири дена пред изборите, на предизборен митинг на Средниот запад, Трамп револтирано го нападна американскиот здравствен систем обвинувајќи ги лекарите за намерно зголемување на бројот на смртни случаи.

Нашите лекари добиваат повеќе пари ако некој умре од ковид-19, рече Трамп.

Според бразилскиот претседател, ковид-19 може да биде резултат на истекување на вештачки произведен вирус од воена лабораторија. Жаир Болсонаро го изјави тоа за време на разговорите со неговите приврзаници.

Не можам да го тврдам тоа, но вистината е дека земјите се подготвуваат за војни, вооружувајќи се со бомби. Војната може да биде нуклеарна или биолошка. Научниците се мешаат со вируси во лабораториите, можеби од една од нив излезе вирусот, рече бразилскиот претседател, одговарајќи на прашањето дали верува дека пандемијата е измислена за да се уништи економијата на многу земји, пишува бразилскиот магазин „Корео бразилиенсе“.