Природата е неверојана, а доказ за тоа се палмите socratea exorrhiza, познати како „палми кои одат“ кои со години го привлекуваат вниманието на биолозите. Во прашумите на Јужна и на Централна Америка овие стебла се уште еден пример за тоа како реалноста ја надминува фикцијата.

Со децении движењето на овие стебла е тема на расправа меѓу научниците, а тие се и доказ за тоа колку уникатни и незаменливи се прашумите во овој дел од светот. Во 2005 година биологот Херардо Авалос од Костарика изјави дека дрвјата кои одат се само мит, бидејќи корењата не им овозможуваат движење, а стеблото и понатаму им е на истото место.

Но, во 2015 година научникот Петер Врсански од Братиславската академија на науки тврдеше дека оваа појава на движење и самиот ја забележал. За BBC тој изјави дека овој вид палми оди со помош на корењата.