Младиот терорист кој го изврши нападот во четвртокот, 29 октомври, во католичката црква Нотр-Дам во Ница е идентификуван како Брахим Ауисасуи, 21-годишен Тунижанец, кој влегол во Франција пред помалку од еден месец.

Извикувајќи „Алаху Акбар“, Ауисасуи убил три лица со 30-сантиметарски нож и повредил уште неколку други. Непосредно пред 8.30 часот влегол во црквата носејќи три ножеви, два мобилни телефони и Куранот во торбата. Нападот траеше 28 минути.

Најстарата жртва беше 60-годишна жена која дојде да се моли во базиликата кратко откако се отвори тоа утро. Францускиот обвинител за антитероризам Жан-Франсоа Рикар изјави дека грлото и е пресечено „до тој степен што скоро и беше обезглавена“.

На другата жртва, Винсент Локес (55) исто така му се пресечено грлото. Неговото тело било пронајдено во црквата. Локес беше голем верник кој ги подготвуваше сакраментите и олтарот за мисата во црквата десет години.

Третата жртва беше 44-годишната мајка на три деца, Симоне Барето Силва, која беше избодена неколку пати во црквата. Тешко повредена избегала во блискиот бар каде се онесвести. Таа им рече на лекарите кои дошле на местото на настанот пред нејзината смрт да им кажат на своите деца дека ги сака.

Полицијата ја опиша сцената како „хорор сцена“. На местото на настанот, тие неколку пати го застрелале убиецот откако тој одбил да фрли нож и го раниле во рамото. Во 9:10 часот, напаѓачот беше „неутрализиран“, а француските власти ја пофалија брзата полициска акција.

Обвинителот за антитероризам Рикард започна истрага за „убиство поврзано со терористичка организација“. Ауисасуи влезе во Франција од Италија. Првпат е регистрирана во Лампедуза во Италија на 20 септември, пренесува АФП. Потоа помина две недели во карантин за да спречи ширење на коронавирусот. Тој беше пренесен на копното, во италијанското пристаниште Бари, на 9 октомври. Со себе не носел никакви документи, освен документ од италијанскиот Црвен крст.

Во четвртокот пред нападот, во 6:47 часот, надзорните камери го снимиле на железничка станица во Ница. Обвинителот рече дека ги сменил чевлите и јакната, а потоа одел 400 метри до базиликата Нотр-Дам. Тој влезе во базиликата во 8:29 часот. Верниците кои започнаа да бегаат од црквата го вклучија алармот. Четворица комунални полицајци влегле во црквата во 8:57 часот. Напаѓачот тргна кон полицајците заканувајќи се и извикувајќи „Алах е најголемиот“. Полицијата пукала во напаѓачот неколку пати. Најдени се 14 куршуми на земја.

Иако завчера и француските и туниските разузнавачки агенции објавија дека го немаат на радар како сомнителен милитант, туниски официјален претставник вчера за РТ изјави дека Ауисасуи бил уапсен во 2016 година за напад со нож, без да даде повеќе детали.

Во својата посета на Ница, претседателот Емануел Макрон рече дека Франција е „нападната“, но францускиот народ „нема да се предаде пред никаков терор“. Владата го зголеми нивото на предупредувања за тероризам до максимум, а војската е распоредена пред училиштата и црквите во Франција.

Нападот во Ница се случи помалку од две недели по убиството на професорот по историја, 44-годишниот Самуел Пети, кого на 16 октомври го обезглави 18-годишен чеченски напаѓач. Поради одговорот на владата на нападот, која и објави војна на радикализацијата во Франција, Блискиот исток реагираше протестирајќи и бојкотирајќи ги француските производи.